По невремето во Љубаништа
Екипите на Комуналец ги расчистуваат наносите од земја во Љубаништа
Денес од раните утрински часови дежурните екипи на Охрдски Комуналец се на терен за санирање на последиците и нормализирање на состојбатa.
По вчерашното невреме во с.Љубаништа, дежурните екипи на ЈП Охридски Комуналец повторно на терен.
Денес од раните утрински часови дежурните екипи се на терен за санирање на последиците и нормализирање на состојбатa.

Се метат јавните површини во с.Љубаништа и се отстрануваат остатоците од наносите од земја и камења
По невремето што вчера попладне го зафати пределот околу селото Љубаништа, веднаш на терен излегоа екипи на ЈП “Охридски Комуналец” опремени со специјална механизација за расчистување на свлечиштето, а потоа се изврши машинско миење со цистерна.





