Времето денеска во Македонија претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 23 степени целзиусови.
Времето во следните денови: Во текот на следната седмица во Македонија во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат во петок и во деновите од викендот.