Македонија го празнува Свети Климент Охридски
Македонија во вторник го празнува „Свети Климент Охридски“ во чест на основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на охридската книжевна школа и творецот на кириличното писмо, Свети Климент.
Св.Климент Охридски

Со денешниот празник се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител и првиот словенски епископ.
Заедно со Наум Охридски, Свети Климент е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело.
Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија.
По повод празникот, денеска ќе биде врачена наградата „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.
Свети Климент почина во Охрид, во 916 година. Неговите мошти, за кои се верува дека се чудотворни почиваат во некогашниот храм на Пресвета Богородица, кој што подоцна се нарече по Свети Климент. Свети Климент Охридски е патронот на Охрид.

{loadposition content9}