Skip to main content

Mладинско учество и младински политики

Јавен повик за членови на Локален младински совет

Јавниот повик е отворен за претставници на: младински организации, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување како и поединци кои имаат искуство со младински активности.
 |  инфодеск  | 
Локален младински совет

Локалното младинско собрание на општина Охрид објави повик за членови на Локалниот младински совет. За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики, се наметнува потреба од формирање на Локален младински совет на општина Охрид.

Бројот на членови на младинскиот совет на општина Охрид изнесува 7 од кои најмалку 40 % припаѓаат на помалку застапениот пол. Членовите на локалниот младински совет на општина Охрид имаат мандат од две години со право на уште еден избор. Изборот на членови на младинскиот совет на општина Охрид го прави Локалното собрание на млади, на непосредни избори со тајно гласање.

Јавниот повик е отворен за претставници на: младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои се активни на територијата на општина Охрид како и поединци кои имаат искуство со младински активности  кои ги исполнуваат следните критериуми: да имаат активности на територијата на општина Охрид; да се: жители на општина Охрид и да бидат на возраст од 15-29 години; да имаат искуство со младински активности и проекти.

Детали за повикот и пријава ТУКА.