Во четврток Советот на Општина Охрид ќе ја одржи 28-та седница. На дневен ред се 16 точки, измени на програмите на локалната самоуправа за 2023 година, односно измена и дополнување на општинскиот Буџет.
- Предлог-Програма за измени на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-Програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за финасиските потреби на ТППЕ Охрид за 2023 година.
- Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за заштита на животната средина и природата за 2023 година.
- Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2023 година.
- Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2023-2025 година (НА).
- Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година (НБ).
- Предлог-Програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2023 година (Т1).
- Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за енергетска ефикасност за 2023 година.
- Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година.
- Предлог-Програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2023 – 2025 година.
- Предлог-Програма за дополнување на програмата за урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година.
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2023 година.
Почетокот на седницата е закажан за во 9 часот.