Пофалби за уреденоста и опременоста на Центарот за јавно здравје, вклучувајќи ги и лабораториите за микробиологија и санитарна хемија, од заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева.
При посетата на Општа болница Охрид, д-р Манолева направи обиколка и одржа работна средба во Центарот за јавно здравје во Охрид, каде што заменик-министерката за здравство имаше можност да се запознае со тековните активности и предизвици со кои се соочува Центарот. Исто така, беше разгледана можноста за подобрување на квалитетот на услугите.
На средбата се истакна значењето на превентивата во здравствениот систем и потребата од поинтензивна и успешна комуникација со Министерството за здравство, во цел да се надградат човечките и материјалните капацитети на Центрите и да се постигне поголема видливост и ефикасност во превенцијата на заболувањата и промовирање на здравите животни навики.
Задовона од она што имаше можност да го види, д-р Манолева изрази увереност дека Министерството за здравство ќе ги препознае и цени напорите и посветеноста на здравствените работници и соработници во грижата за здравјето на пациентите и целокупното население.