Иран денеска ја претстави првата хиперсонична балистичка ракета од домашно производство – Фатах. Ова го објави официјалната новинска агенција ИРНА. Веста најверојатно ќе ја зголеми загриженоста на Западот за ракетните способности на Техеран. Иранските државни медиуми објавија слики од проектилот, наречен Фатах, на церемонија на која присуствуваа претседателот Ебрахим Рахиси и највисоките команданти на елитната иранска Револуционерна гарда. Хиперсонични проектили можат да летаат со најмалку пет пати поголема брзина од брзината на звукот и на сложени траектории, што го отежнува нивното пресретнување.