Лука Тони се враќа во Италија
Италијанскиот напаѓач во редовите на Баерн Минхен Лука Тони е категоричен дека нема да остане во Баерн по завршувањето на есенската полусезона.
Лука Тони
Италијанскиот напаѓач во редовите на Баерн Минхен Лука Тони е категоричен дека нема да остане во Баерн по завршувањето на есенската полусезона.
Иако претходно изјави дека повеќе нема да зборува за неговото заминување од Баерн како би ги избегнал евентуалните проблеми со раководството на Баварците, денес по објавата дека нема да биде во тимот за натпреварот од Лигата на Шампионите со Јувентус сепак даде изјава за италијанските медиуми.
„Едно е јасно-ќе се вратам во Италија. Ми недостасуваат навивачите, пријателите и мајка ми“, изјави Тони.
{loadposition content9}