Skip to main content

Лидерска средба за промената на уставот

Лидерска средба: уставни измени па избори, широка влада, ДУИ во опозиција

На средбата биле изнесени варијанти во врска со уставните измени и за тоа како тие да бидат изгласани во Парламентот, меѓу кои на маса е и опција за формирање заедничка влада.
 |  инфодеск  | 
лидерска

ВМРО ДПМНЕ не е против уставни измени и вметнување други делови од народи во преамбулата, е заклучокот и клучната порака од денешната лидерска средба, според премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски. За лидерот на најголемата опозициона партија, пак, Христијан Мицковски, на лидерската средба нема договор. Биле изнесени варијанти во врска со уставните измени и за тоа како тие да бидат изгласани во Парламентот, меѓу кои на маса е и опција за формирање заедничка влада.

Ковачевски по средбата во изјава за медиумите кажа дека предложил заеднички да се изгласаат уставните измени и потоа веднаш по завршување на процесот на отвораење, подготовка на амандмани и затворање на уставот да се оди на избори. Меѓутоа, дал и дополнителен предлог да го гласаат отворањето на уставот со 2/3-ско мнозинство при што би гласале сите пратеници во собранието и веќе следниот ден ВМРО ДПМНЕ да влезе во Влада пришто СДСМ ќе ослободи 5 од своите министерски места за ВМРО ДПМНЕ. На тој начин ќе обезбедиме Влада којашто ги обединува сите политички партии кои се за европска интеграција, а тоа денес слушнавме дека не е проблем за ВМРО ДПМНЕ, кажа Ковачевски.

„Таа влада ќе го спроведе процесот на уставни зимени, ќе го заврши скриниг процесот со ЕУ , ќе го затвори процесот на уставни изМени и ќе ги отвори нпоглавјата од вртоарта фаза од преговарачкиот процес и дури да затвори две поглавја и ќе може да ги организира следните избори. За сигурност, уставните измени во своите завршни одредби да содржат одредба со којашто ќе важат во моментот на одржување на втората меѓувладина конференција која е веќе закажана без одлагање по носењето на уставните измени според преговарачката рамка„ – рече Ковачевски.

На оваа понуда , Мицкоски одговорил дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во Владата со СДСМ, но без учество на ДУИ во истата.

„ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да учествува во истата со тоа што избори подготвува техничка Влада, не оваа Влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки“– кажа Мицкоски.

„Очигледно е дека немаат 80 пратеници за да поминат уставните измени, тогаш логично е да одиме на избори, оти нема ниту една причина зошто оваа Влада да остане на власт“, изјави Мицкоски по средбата.