Државен архив на Македонија – Подрачно одделение Охрид
Охридскиот архив со изложба од отворен тип по повод 9-ти јуни – Денот на архивите
Изложбата ќе биде отворена во петок во дворот на институцијата каде ќе бидат изложени репродукции на документи и фотографии од културниот и општествениот живот во Охрид и пошироката околина.
По повод меѓународниот ден на Архивите 9-ти јуни, Подрачното одделение на Државниот архив Охрид организира изложба од отворен тип.
Изложбата ќе биде отворена во петок во дворот на институцијата каде ќе бидат изложени репродукции на документи и фотографии од културниот и општествениот живот во Охрид и пошироката околина.
Изложените материјали се прилози во личните и институционални архивски фондови кои ги поседува одделението, а нивната селекција и подготовка ја спроведе одделението за средување и обработка при ДАРСМ – ПО Охрид.
Изложбата ќе трае до 16.06.2023г.