Skip to main content

Екологија и туризам

Пештанци заедно со Охридски Комуналец в недела ќе го чистат крајбрежјето

Од МЗ Пешатни апелираат до мештаните за соработка за успешно реализирање на акцијата.
 |  инфодеск  | 
живописен предел пештани

М.З. Пештани во координација со Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид организира работна акција за расчистување и уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во атарот на селото на ден 11.06.23 (Недела) со почеток во 08:00 часот.

„Апелираме до сите совесни граѓани ако се во можност привремено да ги поместат сите пловни објекти на делот од почетокот на Пештани кај Аква Блу до сретсело како би можеле подобро да ја извршиме нашата работа. “- велат од МЗ Пештани.

Исто така ги повикуваат сите жители на Пештани да се приклучат на акцијата и да помогнат да се уреди крајбрежјето бидејќи тоа е во интерес на сите.