Минималната синдикална кошница за мај изнесува 49.025 денари
На едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава за задоволување на основните потреби за живот му биле потребни 49.025 денари, информираа од Сојузот на синдикати на Македонија.
Од овој износ на минималната синдикална кошница, 19.532 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13.392 денари, односно 30,41 отсто за домување, 3.196 денари за хигиена, 3.720 за превоз, 2.315 за облека и обувки, 1.067 за култура и 821 денар за одржување на здравје, или вкупно 44.047 денари. Кога на износот на минималната синдикална кошница ќе се додадат 4.977 денари или 11,3 отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49.025 денари, посочуваат од Сојузот на синдикати.
Притоа додаваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари.