Skip to main content

СВР Охрид

Стружанец приведен на ул. Железничка за напад врз полициски службеници

Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител, – информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 08.06.2023 во 22.10 часот на ул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода В.Г.(20 годишен) од Струга затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

„Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информираат од СВР Охрид.