Пецаков гневен поради пренасочувањето на сообраќајот по стариот пат Охрид – Струга
Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, иформира од АМСМ.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, гневен за хаосот кој ќе се создаде затоа што стариот пат Охрид – Струга нема капацитет за обемот на сообраќај во туристичка сезона. Тој во објава на Фејсбук вели „7 години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат”.
„Заради тоа што не исперцепиравте и не ви беше битно тоа што општина Охрид беше против затворање на влезот во Охрид во овај период и си издадовте сами на себе дозвола за пренасочување на сообраќај, сега јавно го повикувам министерот за транспорт, министерот за внатрешни работи и премиерот, да ја сменат одлуката и да овозможат нормален проток на возила во тек на туристичката сезона, а по завршување на сезоната да одпочнат со градежните активности. – напиша Градоначалникот Пецаков на Фејсбук.
Фото: screenshot Шило Магазин