Skip to main content

Ментално здравје

Расте бројот на млади кои се соочуваат со депресија и анксиозност

Социјалните мрежи дополнително  влијаат на зголемувањето на менталните болести кај адолесцентите, сметаат психолозите. Видео игрите особено оние со насилна содржина го нарушуваат менталното здравје на децата.
 |  инфодеск  | 
Депресија

Расте бројот на млади,  кои се жалат на депресија и анксиозност. Бројките се аларманти,  секој трет адолесцент има симптоми на депресија.

Пандемијата пропратена со социјална изолација, несигурност и грижи остави сериозни последици врз здравјето на младите.  Интернетот и социјалните мрежи дополнително  влијаат на зголемувањето на менталните болести кај адолесцентите, сметаат психолозите.

„Она што се пласира на фејсбук, на Инстаграм, брза заработувачка различни коуч лајф мотивациони говорници кои што делуваат во насока на брза заработувачка, на едни нереални очекувања, воопшто интернетот дава една искривена слика и тоа кај младите поттикнува една неможност соодветно да се прилагодат во контакт со реалноста, односно да живеат еден измислен свет”, вели Јасмина Јовческа психолог/гешталт психотерапевт.

Во ерата на интернет не се поштедени ниту најмладите. Потребно е да се ограничат, видео игрите  со насилна содржина, кои  го нарушуваат  менталното здравје на децата.

„Видео игрите, кои што се со насилна содржина во секој случај сметам дека треба навистина да се ограничат, затоа што се поакажа дека се негативен модел на однесување како кај младите првенствено кај младите дечиња. Треба многу повеќе да се читаат едукативни содржини”, вели Јовческа.

Според Светската здравствена организација (СЗО), над 1 милијарда луѓе се соочуваат со проблеми поврзани со менталното здравје,а  се проценува дека 1 од 7 деца и млади луѓе ширум светот имаат одредени проблеми со менталната здравствена состојба.

Новинар Соња Рилковска