Skip to main content

Аматерски младински театарски фестивал

На 14-ти јуни започнува осмиот театарски фестивал „Вдиши театар“

Фестивалот ќе го отвори театарската група при Црвен крст Охрид со претставата „Бара“.
 |  инфодеск  | 
Вдиши театар

Во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, од 14-ти до 18-ти јуни ќе се одржи осмо издание на Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Во среда, на 14-ти јуни, со почеток во 20:00 часот, театарската група при Црвен крст Охрид ќе ја одигра претставата за исповедта на жртвите на еден систем и нивните животни предизвици „Бара“. Сценариото и режијата се на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованска Сион Доленц. Играат: А. Мојсоска, А. Карали, Ѓ. Целески, К. Крежевска, К. Ристески и С. Јаковлева.

Во четврток, на 15-ти јуни, во предворјето на црквата „Св. Софија“, театарската група при Црвен крст од Суботица, Србија, ќе ја одигра претставата за врсничко насилство и последиците од него „Била је то само игра“ во режија на Марко Вујевиќ.

Во петок, на 16-ти јуни, на истата локација, театарската група при Црвен крст од Суботица, Србија, ќе ја одигра претставата „Твоју грешку чекају“ од Татјана Џаковиќ, во режија на Лазар Јовичиќ.

Влезот е слободен, а фестивалот „Вдиши театар“ е поддржан од Општина Охрид.