Skip to main content

Одлуката за датум за преговори за Македонија наредната година

Европската унија го одложи донесувањето на одлуката за почеток на преговори со Македонија за наредната година, потврди комесарот за проширување во ЕУ, Оли Рен по завршување на состанокот на Советот на министрите на ЕУ во Брисел.

Oli Ren
Оли Рен

Oli Ren– Советот на министрите на ЕУ констатира дека Комисијата препорача започнување на претпристапни преговори со Република Македонија  и ќе го разгледа тоа прашање во време на следното претседателство на Унијата во тек на шпанското претседателство, почнувајќи од 1-ви јануари 2010, рече на прес-конференција Оли Рен.

Шефовите на дипломаттите на ЕУ, јави дописникот на МИА од Брисел, по дводневна расправа денеска решија тоа прашање да биде повторно разгледано во текот на шпанското преседавање со Унијата.
Иако повеќето од членките на ЕУ беа за одредување датум за старт на преговорите, тоа, сепак е одложено  поради противењето на Грција која инсистира на претходно решавање на спорот за името со Макеоднија.  
Следниот преседавач на ЕУ Шпанија оваа ротирачка функција  ќе ја врши од 1 јануари до 30 јуни 2010 година.

{loadposition content9}