Skip to main content

ОО СДСМ Охрид

СДСМ: Грст лаги и невистини од  Мицкоски, Пецаков и Донев синоќа на Долни Сарај

Од СДСМ Охрид прашуваат каде се адреналинскиот парк, памп траката, велосипедската патека, плоштадите, катните гаражи…
 |  инфодеск  | 
sdsm ohrid

Кога нема кој да те пофали бидејќи ништо не си направил за пофалба, се фалиш самиот себе си. Кога не можеш да го реализираш ветеното, по секоја цена бараш виновник – вистинската слика за ДПМНЕ во две реченици, стои во реакцијата од СДСМ Охрид на изнесеното на вчерашната трибина на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

„Речиси 2 години изминаа без реализација на ниту еден поголем проект… освен еден! Најголем проект е поскапувањето на цените за сите услуги во јавните претпријатија. Е тоа навистина никој не може да им го оспори и со тоа навистина може да се пофалат.“ – велат од СДСМ.

Од СДСМ Охрид прашуваат каде се адреналинскиот парк, памп траката, велосипедската патека, плоштадите, катните гаражи…

„И тоа што го прават го прават во најголем дел со средства од централната власт! Зборовите се едно, но бројките се нешто друго. За тоа сведочи ребалансот на Буџетот што го изгласаа. Зголемената проекција на приходи ја направија поради зголемени приходи од дотации од централната власт. Зошто така гласно на микрофон не кажаа дека очекуваат уште 31 милион денари аплицирани за проекти до централната власт !? Зошто гласно не кажаа дека во изградбата на фекалната канализациона мрежа во Горно и Долно Лакочереј учествува и централната власт!Доста е од популизам и невистинити обвинувања. Зборуваат за проекти кои само тие ги гледаат и никој друг. Централната власт и понатаму ќе го поддржува Охрид затоа што Охрид им припаѓа на охриѓани и не е  лична своина на Пецаков, Донев и Мицкоски. “ – стои во реакцијата од СДСМ Охрид.