Skip to main content

Министерство за трнспорт и врски

МТЦ: Нема да дозволиме опструкција, автопатот се гради со потребната динамика

Реакциите на градоначалникот на општината се лицемерни и неприфатливи посебно кога станува збор за истиот градоначалник кој постојано повикува на забрзување на градежните работи на истиот автопат, се вели во реакцијата од Министерството за транспорт и врски.
 |  инфодеск  | 
Бочварски

Нејасни се реакциите на градоначалникот на Општина Охрид за стопирање на градежните работи на автопатската делница од Подмоље кон Охрид, велат од Министерството за транспорт и врски откако денеска Пецаков остро реагираше дека влезот во Охрид е блокиран на почетокот на туристичката сезона.

„Поддршката од централната власт кон општина Охрид е огромна, како никогаш досега, а реакциите на градоначалникот на општината се лицемерни и неприфатливи посебно кога станува збор за истиот градоначалник кој постојано повикува на забрзување на градежните работи на истиот автопат. Автопатската делница од Кичево до Охрид се гради со потребната динамика и нема да дозволиме ничија опструкција да ја блокира реализацијата на овој проект“– велат од Министерството.

Реакцијата на Пецаков, според министерството е несфатлива и доаѓа од градоначалник од политичката партија која оставила хаос на истиот автопат, а сега истите тие грчевито се бореле тој автопат да не се изгради.

„Пецаков треба да има во предвид дека се отстранија сите проблеми на оваа делница кои ги затекнавме од времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше владата. Благодарение на напорите и пристапот на оваа Влада се решија најголемите проблеми и се решија преку 3500 имотно правни пречки помеѓу државата и граѓаните. Се испроектираа и клучките, се репроектираа косините со што денеска има прогрес на терен“ велат од Министерството.

Во однос на критиката на Пецаков за поддршка од централната влада, од Министерството додаваат дека Владата преку ЈПДП оваа година ќе започне и со рехабилитација на дел од патниот правец од Охрид кон Свети Наум.