Лео Нелоски е првенец на генерација 2022/2023 во ОУ „Григор Прличев“ – Охрид. Со своето знаење, труд и успеси генерацијата ја одбележаа и Теона Талевска, Ивана Секулоска, Ема Чепуњоска и Иво Георгиески. Тие се пофалени за континуиран одличен успех, афирмација на училиштето во наставните и воннаставните активности и активно организирање и учество во проекти во и надвор од училиштето.
„Неуморно го претставуваа своето училиште во државата и надвор од нејзините граници, најупорните кога се работи за постојано надоградување и обучување и најсилните кога се работи за претставување на гласот на учениците. „ – велат од училиштето за овие ученици.
Од училиштето им честитаат на успехот на истакнатите Прличевци и на нивните одделенски и предметни наставници кои ги поддржуваа препознавајќи го нивниот труд и амбиција.