Skip to main content

УХМР

Променливо облачно со врнежи од дожд

Утринската температура до 13 степени, а максималната ќе се искачи до 22 степени.
 |  инфодеск  | 
ohridsko ezero Golabovski
hdr

Времето денеска во Македонија променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 20 л/м²), силен ветер и изолирана појава на град.

Во Охрид променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со дожд и грмежи. Утринската температура до 13 степени, а максималната ќе се искачи до 22 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.