Skip to main content

Културолошка иницијативата 5 до 12

Во петок во Shilla јубилејни поетски читања „Имам нешто да ти кажам“

На поетските читања може да се пријави и да учествува секој што има желба, во приватна порака на Фејсбук страната на Културолошка иницијативата 5 до 12.
 |  инфодеск  | 
Поетски читања Шила

Проектот Имам нешто да ти кажам на Културолошка иницијативата 5 до 12 одбележува 5 годишен јубилеј. 5 години многу автори имаа нешто да кажат на поетските читања во Shilla coffee & bar. По тој повод на 16.06.2023г во петок ќе се одржат јубилејни читања со почеток во 20 часот.

„Почитувани дами и господа, пријатели и љубители на пишаниот збор, по некое време пауза, ве покануваме на јубилејно издание на поетското читање ИМАМ НЕШТО ДА ТИ КАЖАМ, повод 5 години од запчнувањето на овој настан. Ве очекуваме заедно да го прославиме овој јубилеј, ве покануваме да учествувате на овој настан како предвесник на нашата летна програма! „ – велат од Културолошка иницијативата 5 до 12.

На настанот може да се пријави и да учествува секој што има желба, во приватна порака на Фејсбук страната на Културолошка иницијативата 5 до 12.