Skip to main content

Реакции за работењето во ЈП. „Еремија“-Вевчани

Забележуваат дека поради политички интереси им се вршени прераспределби на работните функции.

 |  Колоска Биљана  | 
Васил Радиноски
Vasil Radinoski
Забележуваат дека поради политички интереси им се вршени прераспределби на работните функции. Потребите ни го налагаат тоа, рече директорот.

komunalni rabotniciОпструкции и политички хајки во ЈП. „Еремија“ во Вевчани. Дел од вработените во комуналното претпријтие се жалат поради некорекниот однос на новиот директор кон нив. Поплаките кои стигнаа до ТВМ се однесуваат на тоа дека директорот од редовите на владеачката партија,  направил промена на работните функции само на вработените кои се на страна на поранешниот градоначалник,  Васил Радиноски. Првиот човек на Вевчанското комунално претпријатие признава дека од кога е тој на директорската функција се направени мали промени, но како што вели, потребите го налагале тоа.
„Само една вработена доби решение за распределба. Бидејќи ние сме фирма каде има 50% администрација, сакавме максимална искористеност на вработените во нивното работно време. Тоа не е ништо незаконско, како тие што кажуваат. Можев и технолошки вишок да ја прогласам“-вели директорот Науме Попески.

Неофицијално ТВМ дознава, дека  директорот освен што донесол решение за промена на работната фукнција на вработениот, им ја намалил висината на месечниот надоместок и на други. Со ова, велат вработените, индиректно ни се врши притисок да заминеме од своите работни места. За нивното незадоволство е информиран и директорот.
„Како што налага законот, вработените имаат право на жалба. Таква беше доставена до мене и истата треба да ја разгледа Управниот одбор“-вели Попески.
Директорот потенцира дека промените не се направени поради политички причини. Ние сме претпријатие и работиме професионално, додаде Попески.

{loadposition content9}