Skip to main content

Комунални дејности и сообраќај

Успешна туристичка сезона е можна само со функционален сообраќај

Градежните активности на влезот на Охрид да се пренасочат на друга точка на патот кој се гради додека трае туристичката сезона.
 |  Голабовски Крсте  | 
Подмолје

Не постои логичен одговор зошто на самиот почеток на турстичката сезона градежните работи на Автопатот Охрид Кичево, да се донесат на самиот влез на Охрид, а сообраќајот со и онака зголемена фрекфенција за време на сезоната, да се пренасочи на стариот пат Охрид Струга, кажа на денешниот состанок со претставниците на турстичкиот сектор, СВР Охрид и претставници од Локалната самоуправа, Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Градоначалникот на Охрид , преставнците од Локалната и претставниците на хотелскиот сектор, туристичките агенции и туроператорите, потпишаа барање кое ќе се проследи до Владата и Министерството за транспорт и врски, со цел, градежните активности на влезот на Охрид да се пренасочат на друга точка на патот кој се гради, а после крајот на сезоната да се продолжи со активности на тој дел.

„Сметам дека ова барање со потпис од сите присутни со исклучок на СВР Охрид кои на овој состанок, ќе даде една поинаква дименизја и дека ќе се вразумат оние кои што го работат овој пат. „До ова барање се дојде имајќи во предвид дека не станува збор за изградба на последни километри од автопатската делница. Градежните активности може да се пренасочат на друга точка на патот кој се гради, а од септември, октомври да продолжат на самиот влез на Охрид“, – апелираше Кирил Пецаков – градоначалник на Општина Охрид.

распаќе

На новото сообраќајно решение, дополнителен проблем ќе му претсатвува таканаречениот пат „Распаќе“ кој го поврзува стариот пат за Струга и Бул. „Туристичка“, кај Здружение на возачи, бидејќи истиот не е направен на тампонирана подлога, туку директно е асфалтиран на земја, велат стручните служби од Локалната. Движењето на тешки товарни возила на овој дел од патот, ќе го оштетат дополнително и 10-15 дена, ќе донесат нов, дополнителен сообраќаен проблем за Охрид во екот на сезона. Од туристичкиот сектор едногласни. Го поддржуваат барањето на градоначалникот Пецаков и на локалната самоуправа. Ако е потребно велат ќе ги анимираат и странските туристички партнери со кои соработауваат, со цел да се направи ако е потребно и меѓународен притисок.

„Тоа е едно тесно грло, ќе создава големи проблеми во туризмот. Се надеваме дека ќе има некаков слух и дека ќе се најде некакво решение за брзо отварање на тој таканаречен нов пат, кој би можеле да го користиме барем од едната страна. Знаеме дека нема да е автопат, ние се молиме одамна да е готов од аеродромот до влезот на Охрид и до влезот на Струга“, – кажа Крсте Блажевски – претседател – ХОТАМ.

За туристите, со изградбата на автопатот, која трае повеќе од една деценија, дополнително се продолжува времето за пристигнување до Охрид, за време подолго и од самиот лет кој ги донел во Македонија. Па така, сите оние туристи кои слетале на аеродромот во Скопје, до Охрид патуваат минимум уште дополнителни два и пол часа, за да стигнат до Охрид. По се изгледа оваа сезона и оние туристи кои ќе слетаат на охридскиот аеродром нема лесно да дојдат до Охрид. Ваквата ситуација ја зголемува и одговорноста кај турепораторите и хендлинг агенциите кои се одоговорни за безбедноста на туристите.

Подмоље

„И овие во Охрид кои доаѓаат со чартери од Холандија, од Полска, ќе треба два сати од аеродром до хотелите да ги носиме. Со што автоматски имаме и незадоволни гости. „Наштите договори велат дека после доаѓањето на гостите одговорноста е потполно наша, на туроператорите и на хендлинг агентот кој ги сервисира во Охрид и Македонија, така да, се надевам дека ќе се најде ново решение за овој проблем кој настана“, – вели Олег Маленко – Т. А. „Виспој“.

Знаејќи дека токму на тој пат е лоцирана Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ која што е регионална, понатка создава проблем кај родителите кои своите деца мора да ги носат за терапија или итни прегледи на Детското одделение во Општата болница во Струга. Исто така, се создава проблем и за ЈЗУ Специјализирана болница за
кардиоваскуларни заболувања – Охрид, каде за успешно лекување на пациентите потребна е брза реакција, стои во барањето.

Од СВР Охрид на состанокот информираа дека веќе се превземаат дополнителни активности за подигнување на нивото на безбедност и протокот на сообраќајот на овој дел од патниот правец, а ќе се ангажираат и дополнителен број на службеници. Во разговор со изведувачите им било ставено до знаење дека активностите ќе завршеле за триесеттина дена во најлош случај, објаснаа од СВР.

„Да не се секирате воопшто, да не се грижите дали патниот правец, стариот пат Охрид Струга е безбеден за сообраќај. Овој патен правец е реконстуриран пред 2, 3 години. Има соодветна сигнализација и ги исполнува сите услови за одвивање на сообраќај. Обележан е, нема никакви ударни дупки, има поставена сигнализација согласно законските прописи. Колку време ќе се одивива сообраќајот од аердром до Охрид никој не може да го предвиди. Условите не се лоши, далеку се од лоши“, – објасни Жарко Лазарески – Началник СВР Охрид.

Градоначалникот Пецаков е песимист дека ова барање суштински ќе ги измени работите и ќе вроди со плод. На денешниот состанок беа поканети да земат учество сите пратеници во македонското Собрание од Охрид, СВР Охрид, Хотам, туристички работници, угостителскиот еснаф и претставници на службите од Локалната самоуправа.