Skip to main content

УХМР

Променливо облачно и нестабилно со повремен дожд

Утринската температура до 12 степени, а максималната дневна до 22 степени.
 |  инфодеск  | 
мало пристаниште
hdr

Времето во Македонија денеска променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат.

Во Охрид променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Утринската температура до 12 степени, а максималната дневна до 22 степени.

Времето во следните денови: Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, засилен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.