Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги

Регулаторна донесе решение по барањето на ЈП Водовод Охрид за поскапување на водата

Предлог регулаторната тарифа ќе треба да се изгласа на седница на Совет на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одговори на барањето на ЈП Водовод Охрид  за зголемување на цената за вода и донесе одлука за измена на Решението за утврдување на регулаторна тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ Охрид за регулиран период 2021-2023 година.

Регулаторната тарифа за категоријата домаќинства изнесува 32,50 ден/m3 за 2023 година, додека пак за категоријата останати корисници, регулаторната тарифа изнесува 47,50 ден/m3 за 2023 година, додека пак месечниот фиксен надоместок за приклучок за водната услуга снабдување со вода за пиење или водоснабдување за 2023 година за категоријата на приклучени домаќинства изнесува 120 денари по приклучок, а за категоријата на приклучени останати корисници изнесува 140 денари по приклучок.

За потсетување, досегашната цена која ја плаќаат домаќинствата е 28,21 денар, со фиксен надомест од 100 денари, а останатите плаќаат 41,5 денари за кубик потрошена вода, со фиксен надомест од 120 денари. Едно домаќинство ако потроши 10 кубици вода, со новата цена, месечно ќе треба да одвои дополнителни 63 ден.
Имајќи го во предвид начелото на еднаквост од Законот за утврдување на цени на водните услуги ЈП „Водовод“ Охрид има обврска во наредниот период постепено да ги усогласи тарифите без разлика на категоријата на крајниот корисник на водната услуга.

Предлог регулаторната тарифа ќе треба да се изгласа на седница на Совет на Општина Охрид.