Skip to main content

Јп Билјанини Извори

ЈП „Билјанини Извори“: Ноторни лаги и манипулации се тврдењата на СДСМ

Ноторни лаги и манипулации се тврдењата на СДСМ во врска со работењето на ЈП Билјанини Извори, реагираат од претпријатието. Во реакцијата се осврнуваат на тврдењата за поскапување на користењето на спортските терени, затворање на пристаништето, пајак службата и др.
 |  инфодеск  | 
Билјанини извори

За жал во континуитет од политичката партија СДСМ се покажува непознавање на работата и состојбата на јавното претпријатие, обврските кои ги имаме согласно одлуките на Советот на Општина Охрид и јавниот интерес кој ние согласно одлуки го спроведуваме, реагираат од ЈП „Билајнини Извори“ на соопштението на СДСМ.

Прво, ноторна лага е дека сме ги поскапеле услугите за користење на спортските терени за нашите охридски клубови и школи. Секоја корекција која се направи во однос на користењето на спортската инфраструктура е направена за спортските правни субјекти кои не се дел од територијата на Општина Охрид. Корекциите кои се многу мали се направени согласно пазарните цени на поширокиот регион и согласно сите поскапување кои Вие и Вашето државно раководство ни ги донесовте во однос на одржување и стопанисување со спортските терени. „- стои во реакцијата.

Од претпријатието додаваат дека благодарение на Општината Охрид охридските спортски клубови имаат неограничена можност за користење на спортските терени бидејќи се комплетно субвенционирани што не било случај во минатото.

Потсетуваат дека со одлука на Советот на град Охрид, (број 08-4086/60 од 28. 04. 2021 година) потпишана од тогашената претседателка на Советот, Живка Ангелоска, претпријатието доби на времено користење, стопанисување и одржување недвижен имот со намена за сидрење на пловни објекти, охридското градско пристаниште. Ние согласно таа одлука мораме да постапуваме и во таа насока и работиме притоа почитувајќи го охридскиот интерес и интересот на јавноста, велат од ЈП Билјанини извори.

Ноторна лага е дека сме забраниле пристап на граѓаните до градското пристаниште за време на ноќните часови. Самите граѓани, гостите секојдневно се уверуваат дека тоа не е вистина и многу ни е жал што со Вашите изјави само го манипулирате јавниот интерес и имиџот на градот за кој наводно толку се залагате. “- децидни се од ЈП.

Во врска со тоа дека ги зголемувале давачките кон граѓаните посочуваат дека претпријатието овозможува услуги за граѓаните кои не се облигациони и кои се користат само доколку граѓанинот така одлучил.

Во врска со спроведувањето на постапка за изведба на сопствен систем за водоснабдување во СРЦ ,,Билјанини Извори”, велат дека токму тоа соломонско решение на јавното претпријатие ќе му донесе заштеда од 4 милиони денари на годишно ниво и според нив тоа требало многу порано да се направи.

Пајак службата била дополнителна давачка за граѓаните, била привелигија за нас. Секое претпријатие во Македонија и во светот кое стопанисува со јавни паркинг простори има, или мора да има пајак служба, и пред сѐ тоа е во насока на нормалното тековно функционирање на паркинг просторот со којшто сопанисуваат. Таа била давачка за граѓаните, да за несовесните и за оние кои го злоупотребуваат јавниот интерес и кои сакаат да се привилигирани. Паркинзите се јавна површина и секој оној кој ја злоупотребува јавната површина и со тоа јавниот интерес ќе биде санкциониран. -се вели во реакцијата.

На крај ги прашуваат СДСМ, дали има поголема привилегија од страна на Општината Охрид и Државата во време на нивното раководење со ЈП ,,Билјанини Извори” да толерираат или привилегираат континуирано неплаќање на ДДВ или да толерираат, како што велат, доставување лажни квартални и годишни извештаи или непостапување на менаџментот на ЈП ,,Билјанини Извори” согласно одлуките на Управниот одбор на претпријатието и согласно одлуките на Советот на град Охрид.