Екипите на „Паркови и зеленило” започнаа со засадување на цветниот расад на јавните зелени површини во градот и околината.
„Јавните зелени површини се оплеменуваат со засадување на цветниот материјал од 40.000 садници (џунџуле,салвија и агератум) од сопствено производство. Овој цветен саден материјал ќе ги разубавува парковите со своите интензивни бои во престојниот период се до наесен.“ – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Засадувањето ќе се одвива етaпно, прво ќе се опфати центарот на градот со градскиот парк, па пешачките патеки до Горица и кружните сообраќајници, па потоа периферните делови од градот и приградските населби.