СВР Охрид
Санкционирани мотоциклисти за возење без кацига
Полициски контроли во Охрид за безбедноста во сообраќајот.
На 13.06.2023 во периодот од 14 до 20 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 09 мотоциклисти кои управувале мотоцикл без заштитна кацига-шлем и од сообраќај исклучиле еден мотоциклист кој управувал мотоцикл без возачка дозвола.


