Денес е Светски ден на човековите права
По повод светскиот ден за заштита на човековите права и слободи, канцеларијата на Обединетите нации во Македонија в четврток организира свеченост на која ќе се одбележи 30 –годишнината од донесувањето на Конвенцијата за намалување на дискриминацијата врз жените.
![logo](https://tvm.mk/wp-admin/admin-ajax.php?action=kernel&p=image&src=%7B%22file%22%3A%22wp-content%2Fuploads%2F2009%2F12%2Fmakedonija_2009_dekemvri_covekovi_thumb.jpg%22%2C%22thumbnail%22%3A%221200%2C%2C%22%7D&hash=74c0bb8f)
По повод светскиот ден за заштита на човековите права и слободи, канцеларијата на Обединетите нации во Македонија в четврток организира свеченост на која ќе се одбележи 30 –годишнината од донесувањето на Конвенцијата за намалување на дискриминацијата врз жените.Подршка на иницијативата ќе дадат Министерството за труд и социјална политика, Институтот за родови студии и невладината ЕСРА.
На средбата ќе се промовира и краток филм посветен на еднаквоста и различноста, изработен од студентите по родови студии, а предвидена е изложба на фотографии и дебата на преставниците од владиниот и невладиниот сектор за прашања од сферата на женските и човековите права воопшто.
Свои обраќања е предвидено да имаат претставникот на ОН во Македонија Карлос Малдонадо, министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и Асја Варбанова од организацијата УНИФЕМ.
Средбата се одржува во културниот центар Мала Станица со почеток во 16 часот.
{loadposition content9}