Skip to main content

Центар за јавно здравје

Водата во Охридско Езеро е од прва класа и може да се користи за капење и рекреација

Согласно законската регулатива, квалитетот на водата во Охридското езеро е од прва и втора класа во и може да се користат за капење, спорт и рекреација, вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ.
 |  Голабовски Крсте  | 
Сашо Точков

Секоја година пред почетокот на летната турстичка сезона Центарот за Јавно Здравје од Охрид согласно своите програмски активности, врши контрола на квалитетот на водата на Охридското езеро од македонска страна, на потегот од Св. Наум до Радожда. Исто така, спроведена е контрола на квалитетот на водите во Црн Дрим, а се направи контрола и на водата во Дебарското Езеро. Вршени се анализи на 25,28 мај и на 7 јуни.

„Во најголем број случаи, квалитетот на водата во Охридското Езеро е од I класа хемиски, а од микробиолошки се класифицира како одлична. Дел од примероците земени во струшкиот дел, на капалиштата кои гравитираат на градското јадро, тука има две капалишта каде водата е од втора класа и коишто, микробиолошки се добри. Тоа значи дека согласно законската регулатива, сите тие води од Прва и втора класа во езерото може да се користат за капење, спорт и рекреација, нема никаков проблем или аларм.“ – вели Сашо Точков, директор на Центар за јавно здравје.

Загрижува квалитетот на водата кај едриличарскиот клуб, кај Билјанини извори, кај Студенчишкиот канал, напоменува директорот на ЦЈЗ.  Цевката од која што тука се испушта вода, го загадува овој дел од езерото. Земен е примерок од таа вода и тука имаме вода со класа 5 или незадоволителна микробиолошки. Таа вода директно ја загадува водата во каналот и Охридското Езеро, вели Точко.  Резултатите и извештатите од анализите се испраќаат до надлежните државни и локални институции кои се на потег.

„За среќа, тоа не се покажува бидејќи моќта на самопречистување на Охридското Езеро како олиготрофно е многу голема и таа вода е проточна вода. Значи водата од каналот Биљанини извори се разредува, па немаме некои големи испади и загадување на водата во Охридското Езеро. Точно е дека тука треба да излегува атмосферска вода и точно е она што ние можеме да го потврдиме дека излегува фекална вода. По анализите и по она што го гледаме. Зошто е тоа така и кои објекти се приклучени, надлежните треба да преземат мерки. Ние сме тука да ги вршиме анализите и да ги испраќаме кај е потребно.“ – вели Точков.

Со зголемување на температурите и бројот на туристи се очекува дополнителна деградација на водата, но ситуацијата ќе се следи. Инаку, ова е и периодот кога цвета алгата, посебно во реонот кај градското пристаниште и кај кејот, природен феномен кој само за краток временски период носи грда слика и мирис, но ништо поопасно од тоа.

„Тоа не е штетно по здравјето на луѓето, ниту е штетно за екосистемот на водата во езерото. Сепак, оние кои имаат алергиски реакции при влез во водата може да е од алгата, па да се обратат кај соодветни стручни лица.“ – посочува Точков.

Се подобри квалитетот на водата кај Градска плажа кај Грашница, каде водите сега се од прва класа или микрибиолошки водата е со одличен квалитет. Со зголемување на приливот на гости треба дополнително да се провери квалитетот на овој потег, а во секој случај во месеците јули и август од центарот најавуваат соодветен мониторинг на квалитетот на езерските води.