Skip to main content

УХМР

Во Охрид облачно со врнежи од дожд

Утринската температура до 13 степени, а максималната дневна до 21 степен.
 |  инфодеск  | 
облачно Охрид
hdr

Денеска во Македонија променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), засилен ветер (над 60км/ч.) и изолирана појава на град.

Во Охрид променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Утринската температура до 13 степени, а максималната дневна до 21 степен.

Под влијание на циклонска активност и утре во Македонија ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. За време на викендот врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Од понеделник времето ќе биде стабилно и потопло.