Уште само неколку дена не делат од почетокот на второто издание на винскиот фестивал во Охрид кој ќе се оддржи на 22, 23, 24 јуни.
Богата музичка програма со македонски музички артисти е тоа што ќе го дополни уживањето во дегустацијата на македонските вина и вкусната храна.
На отварањето на фестивалот во Четврток на сцената ќе ги видиме Баклава, Миле Кузмановски и Куку Леле. Во Петок Брас Брадрс, охридските рокери Бекдор Бенд и Лугер, како и легендарните Нокаут, а на последниот ден во Сабота Александар Јосифовски, Фиц енд д инвизиблс (студени нозе грејтест хитс) и Фанк Шуи. Сите денови настанот ќе го отвара диџеј РУТБОЈ СЕЛЕКТОР од 18:00 часот, а бендовите ќе ги забавуваат гостите до 01:00 часот.
„Се надеваме дека имаме програма со која ќе ги задоволиме различните вкусови на сите посетители и во позитивна атмосвера ќе се дегустира убаво вино.“ – велат организаторите.
Целта на фестивалот е да постане традиционален и да ја дополни богатата културна програма на Охрид.