Денеска (16.06.2023 година), министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, ќе извршат увид во градежните активности на изградба на автопатската делница Кичево – Охрид, информираа од кабинетот на министерот.
Според најавата министерот попладне ќе даде изјава за медиумите за тоа што го увидел на терен.
Во понеделникот на иницијатива на градоначалникот на Охрид беше одржан состанок на кој присутвуваа претставници на локалната самоуправа, хотелиери, угостителски еснаф, туристички оператори и туристички агенции, кои потпишаа барање за одложување на градежните зафати на потегот Охрид-Подмоље до септември и истото е доставено до Владата и Министерството за транспорт и врски.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Собранието ги повикаа надлежните да ја преиспитаат и повлечат одлуката за затворање на влезот во Охрид во време на туристичката сезона.
Додека пак, пратеничката од Охрид од редовите на СДСМ, Жаклина Лазаревска ги повика своите сограѓани да имаат трпение и дека до Петровден односно до отворањето на Охридско Лето кога и официјално започнува туристичката сезона патот да биде пуштен ви употреба.