Skip to main content

СВР Охрид

64 годишен охриѓанец тешко повреден во сообраќајка на Македонски просветители

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 15.06.2023 во 21.45 часот, во СВР Охрид пријавено e дека на крстосницата помеѓу булеварот „Македонски просветители” и улицата „Даме Груев” во Охрид, М.К.(61) од Република Турција, управувајќи патничко моторно возило „рено” со шведски регистарски ознаки, удрил во С.П.(64) од Охрид, информираат од СВР Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.П., констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.