Општина Охрид
Се уредуваат тротоарите на ул „Димитар Влахов“
Предвидено е да се уредат тротоарските површини од потегот кај Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски просветители“
Започна партерно уредување на тротоарските површини на улицата „Димитар Влахов“. Старите бехатонски плочки се заменуваат со камен шкрилец и печатен бетон.
„После завршување на градежните активности, улицата ќе добие автентичен охридски изглед. Предвидено е да се уредат тротоарските површини од потегот кај Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски просветители“ , односно површина од околу 1600 м2.“ – информира градоначалникот Пецаков.
Вредноста на проектот изнесува околу 4 000 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.



