СВР Охрид
Приведени лица од Долно Лакочереј и Велгошти кај кои била пронајдена марихуана
Полициските службеници пронашле марихуана во возило „Фиат Пунто” во кое се превезувале.

На 16.06.2023 година во 00.30 часот, во СВР Охрид лишени од слобода се 29 годишно лице од охридското село Долно Лакочереј и 26 годишник од селото Велгошти. При преглед претходно извршен во возило „Фиат Пунто” во кое се превезувале, полициските службеници кај нив пронашле и одзеле опојна дрога Марихуана, информираат од СВР Охрид.


