Skip to main content

УХМР

Променливо облачно време со температура до 22 степени

Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
 |  инфодеск  | 

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.

Денес, во Македонија особено претпладне ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од утре ќе настапи стабилизирање со значителен пораст на дневната температура, ќе преовладува претежно сончево време, освен во четврток кога се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.