Skip to main content

Културолошка иницијатива 5 до 12

Летно кино со автомобили oд 23 до 25-ти јуни во Касарна Охрид

Билет по цена од 500 денари по автомобил ќе може да купите на влез. 
 |  инфодеск  | 
летно кино

Третото издание на Summer Drive-in Cinema – летно кино со автомобили ќе се одржи во Касарна Охрид од 23.06. до 25.06.2023.

„Трето издание на тридневното кино со автомобили под отворено небо, со кул филмчиња и превкусни пуканки!“ – велат организаторите од Културолошка иницијатива 5 до 12.

ПРОГРАМА:

„СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ | 23.06.2023 (петок)

Издаден минатата година, „СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ е филм на Кристијан Ристески кој го опишува филмот како социјална драма во амбалажа на комедија и апсурд низ три приказни за три групи луѓе, една мува, едно прасе, една веце шолја и еден град, чии патишта се допираат и влијаат еден на друг.

„ПАРАДА“ | 24.06.2023 (сабота)

Комедија-драма на Срѓан Драгојевиќ, во која прашањата за ЛГБТ заедницата во Србија се обработени низ една приказна каде активисти за хомосексуални права организираат парада на гордоста, незаштитени од полицијата, па бараат заштита од група криминалци.

„НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ“ | 25.06.2023 (недела)

Филм на Иво Трајков, кој преку брилијантната црно-бела фотографија тој суптилно и нетенденциозно ни доловува атмосфера на историска драма која претставува огледало на хипокризијата на моралот, религијата и патријархалната традиција во општеството – подеднакво релевантна денес, како и во периодот непосредно пред Втората светска војна.

Влезот ќе биде отворен од 19:30ч, а проекциите започнуваат во 21ч. По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување!

Билетит по цена од 500 денари по автомобил ќе може да купите на влез.