Кошаркатскиот клуб „Колибри“-Охрид по повод 20 годишниот јубилеј организира Меѓународен кошаркарски турнир „ 20 Години КК Колибри “.
На турнирот, кој ќе се одржи од 19 до 22 јуни во хотел Десарет, учество ќе земат екипи во машка и женска конкуренција од Албанија : ЖКУ Златар – Нова Варош – Р.Србија, Елите Баскет – Тирана, Про Баскет Јуниор – Охрид, КК МЗТ- Скопје, КК Декса – Прилеп , КК Пробаскет – Делчево и домаќинот КК „Колибри“.
„Со овој турнир отпочнуваме нова спортска традиција која во иднина ќе се стремиме да стане традиционална. Нашата цел е да ја збогатиме прославата на нашиот јубилеј „20 години КК Колибри “ на спортски начин и да започнеме нова летна спортска приказна во Охрид, која ќе биде императив на едно место да собере повеќе од 200 среќни и исполнети дечиња“, велат од управата на клубот.
КК „Колибри“ – Охрид е формиран далечната 2003 година од млади ентузијасти, кошаркарки на тогашниот клуб „Профитнес“ во време кога женската кошарка беше во подем а на трибините можеше да се види и до 3 илјадна публика.
Сопственикот и тренер на КК „Колибри“, Весна Балазоска – Милошевиќ вели дека спортот тогаш бил многу попривлечен за младите кои се идентификувале со тогашните играчи.
„Млади се идентифкикуваа со нас, не доживуваа како кошаркарски звезди. Покрај мене во тимот беа Викторија Рибароска, Жанета Ангеловска, Сузана Вренцовска, Јулијана Кузеска, Флорентина Стерјовска, Наумка Кузеска, Марија Видикова, Цеце Митровска, Душка Чиркович… После секој натпревар имаше колони од деца кои чекаа автограм и слика со своите идоли“, раскажува Балазоска- Милошевиќ иницијатор за формирање на „Колибри“.
„По формирањето на Здружението на граѓани – КК „Колибри“за седиште беше избран кошаркарскиот терен во сопстевност на тогашен Трудбеник. За име на школата беше избрано името колибри по случаен избор – откако влеговме за прв пат во просториите на Трудбеник, кои ни беа дадени на беспалтно користење од тогашниот директор Ацо Спироски, голема благодарност за неговата огромна помош и подршка, насекаде по масите имаше весници а посебно внимание ни привлече извадокот од весникот Нова Македонија чие име беше Колибри- наменето за деца. Така и настана нашето име“, раскажува Балазоска- Милошевиќ.
Таа кажува дека почетоците на успешната женска кошаркарска приказна во Охрид се благодарение на тренерите Никола Михајлоски и сега покојниот Сашо Цветкоски како и поддршката од тогашниот спонзор на „Профитнес“, Зоран Стевоски.
„Уште датираат првите списоци на нашата школа која беше единствена во регионот и броеше околу 700 деца. Од таа година навака, почнавме да работиме, да тренираме многу деца од Охрид, од Македонија, од надвор, буквално секој којшто ја сакаше кошарката тренираше, играше кошарка, беше наш член. Тука може да се пофалиме дека дел од нашата летна школа беше и Џеди Осман- НБА звездата на Кливлен, Ефтим Боегоев, Тони Симиќ, Стојна Вангелоска, браќата Војдан и Дамјан, селкторката на женската репрезентација во Србија, Марина Маљкович, најомилениот тренер на сите времиња Жељко Обрадович и многу други“, додава Балазоска -Милошевиќ.
Низ годините КК „Колобри“ забележува бројни успеси во пинерските, младинските и сениорските лиги. Многу талентирани деца, репрезентативци тука ги направиле првите чекори. Клубот заедно со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) има организирано Европски младински првенства во машка и женска конкуренција.
Од КК „Колибри“ најавуваат повторно учество во македонските кошаркарски лиги во машка и женска кадетска лига и формирање за првпат општинска лига за мини-баскет, која следната година ќе прерасне во регионална.
Според Балазоска Милошевиќ успесите ќе продолжат токму благодарените на поддржувачите и љубителите на спортот.
„Веќе половина од нашето постоење како најголем наш поддржувач е ЛТХ Леарница – Охрид, за што во овој момент изразуваме голема благодароност. Благодарност и до родителите за доверба да ни ги доверат децата, благодарност и до Општина Охрид за поддршката за овој настан, голема благодарност до почесниот конзул на Репулика Србија, Михајло Филев и охридски бисер Филеви, стаклара Скендер пром и нашиот Нено, нашиот голем подржувач и другар Игор и Органска буковка, иницијаторот за ваква прослава и наш голем симпатизер Ѓоко Алоски, партнерите: ресторан Тино, ресторан Билјанини извори, хотел Гарден, кампинг Љубаништа, Ремис, Ета дент, Кадмо бар, Лабино саунд, и секако Црвен крст-Охрид“, вели таа.