Утре – 20 јуни, вторник во 12 часот во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев “ – Охрид ќе се одржи Првата роднокрајна средба на писателите од нашиот град.
Средбата има работен наслов: „Охрид низ творечкиот ракопис“. Настанот целосно ќе се снима а со секој учесник – автор одделно ќе биде изработен фото – портрет кој ќе се чува во дигитална форма во библиотечната архива.
Присутните се очекува да разменат мисли и идеи околу издавачката продукција и збогатување на Роднокрајното одделение со нивни нови наслови.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе ги информира писателите и за новите проекти на установата со кои ќе конкурира пред ресорното Министерството за култура за наредната 2024 година.
Проектот е дел од Годишната програма за работа на Библиотеката финансиски поддржан од Министерството за култура.
Библиотеката ги поканува сите роднокрајни автори да дојдат во Прличевата одаја и да учествуваат на средбата.