ЈП Градски Пазар Охрид објавувa Оглас за издавање простор – локација за поставување урбана опрема забава на отворено на Кеј Македонија.
Локациите за поставување на урбаната опрема се издаваат за времетраење од 01.07.2023 до 01.10.2023 година.
Заинтересираните правни и физички лица кои ги исполнуваат условите од огласот треба да ги достават понудите најкасно до денот и часот на отворање на понудите 23.06.2023 година (петок) до 11:00 часот.
Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема како и намената на локациите, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.
Огласот и графички приказ на 6-те локации ТУКА.