Skip to main content

Општина Охрид

Општина Охрид целосно ќе го субвенционира издавањето картички за влез во Стар град

Сите ониe кои до сега извршиле уплата за добивање на картица износот целосно ќе им биде рефундиран.
 |  инфодеск  | 
Општина Охрид

ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека со одлука на Општина Охрид износот за добивање на картица за влез во стариот град на Охрид ќе биде целосно субвенциониран од страна на Општина Охрид.

„Сите ониe кои до сега извршиле уплата за добивање на картица износот целосно ќе им биде рефундиран. Поради тоа ги молиме сите кои веќе уплатиле од утре да дојдат во просториите на ЈП “Билјанини Извори”, спортска сала “Билјанини Извори”. “ – информираат од ЈП.