На 18.06.2023, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Ц.М.(62), З.К.(49) и Г.К.(49), сите од Охрид. Меѓу нив, според пријавеното, во куќа лоцирана на улица „Даме Груев” настанала расправија во која, Ц.М. физички ,а потоа и со метален предмет го нападнал З.К., по што од пиштол испукал еден куршум. Повредени лица нема, а по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од Секторот за внатрешни работи.