Меѓугранични проекти ќе црпат средства од ИПА фондовите
Претставници од 16 општини се информираа со какви проекти можат да аплицираат и што треба тие да содржат за да стигнат до свропските пари.
Претставници од 16 општини се информираа со какви проекти можат да аплицираат и што треба тие да содржат за да стигнат до свропските пари.
Претставници од 16 општини од македонско албанскиот пограничн регион на иста маса во Струга. Се информираа како со проекти од заеднички интерес на две општини, можат да ги искористат средствата од ИПА фондовите. Целта е да се развијат партнерствата помеѓу општините од Македонија и Албанија и заеднички да аплицираат со проекти за да добијат европски пари. Само преку ваквите преговори двете земји можат да црпат средства, и затоа овие средби се од големо значење за општините.
Од дводневната работилница произлегоа 6 идеи за проекти на општините. Свој проект предложи и општина Елбасан од соседна Албанија. Претставникот од овој град кажа дека кај нив постои желба за заедничка соработка со општините Могила и Тетово.
„Имаме проект кој сакаме да го реализираме со о.Могила. Тоа е за уредување на тротоарите на улиците. Од сличен интерес е за нашата општина. Имаме и друг проект, тој е за средување на патотво тврдината во Елбасан, вели Чуха Дашамерџика од Сектор за надворешна соработка од О.Елбасан.
Воспоставувањето партнерство помеѓу општините на пограничниот регион освен што ќе е од големо значење за градовиете, придобивки имаат и матичните земји.
„Финансиски средства ќе можат да добијат оние проекти во кои ќе биде опфатен економскиот и социјалниот развој на општините како и заштита на културното богатство кои ги поседуваат градовите“-вели Ѓорѓи Јосифов, задолжен за проектите од USAID наменети за Локална Самоуправа.
Засега не е одлучено колку финансиски средства ќе бидат одобрени по проект, вели Јосифов. Ова е прва ваква средба, со цел присутните да се информираат како треба да изгледаат проектите со кои би конкурирале. Планирано е идните состаноци да бидат поконкретни, каде ќе биде дефинирани и другите работи неопходни да се дојде до европските пари, додаде соговорникот.
{loadposition content9}