Македонскиот шампион Струга Трим Лум го доби потенцијалниот противник во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Доколку успее да го елиминира литванскиот Жалгирис во првото коло, тогаш стружани ќе играат против турскиот гигант Галатасарај во втората рунда од квалификациите.
Откако вчера беа извлечени паровите за првото коло денес во Нион беше извлекувањето и за потенцијалните противници во второто коло.
ФК Струга Трим Лум во двомечот со Галатасарај би бил домаќин во првиот меч на 25/26 јули, додека реваншот би се играл на 1/2 август во Истанбул.
Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Љум за првпат во историјата ќе игра во Лигата на шампионите.