Skip to main content

Охрид во репортажите на This Morning

ITV ги запознава Британците со најубавите локалитети и најдобрите атракции во Охрид

Во една од многуте репортажи од Охрид и Скопје, репортерот Крег Дојл се запознава со туристичкиот водич Љупчо Јузмески кој зборува за античкиот Амфитеатар, со Михајло Филев кој ги запознава гледачите на “This Мorning” со Охридскиот бисер, потоа го посетува манастирскиот комплекс Св. Наум.
 |  инфодеск  | 
Sv Naum_This Morning

Репортерот на телевизијата ITV во популарното дневно телевизиско шоу “This Morning” кое се емитува во Обединетото Кралство, продолжува да ги запознава Британците со најубавите локалитети и најдобрите атракции во Охрид.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организираше информативна патување за новинари и репортери од наведеното шоу, од 17-ти до 20-ти април. Екипата од дневното шоу “This Мorning” за време на својот престој подготвија репортажи за недопрените убавини на нашата земја која е “budget friendly” за туристите и кои веќе се емитуваат на британската јавна телевизиска мрежа “ITV” која има широк опфат на публика. Новите чартер летови од Лондон и Манчестер до Охрид, како и редовната авиолинија на ВизЕр од Скопје, претставуваат предност.

Во една од многуте репортажи од Охрид и Скопје, репортерот Крег Дојл се запознава со туристичкиот водич Љупчо Јузмески кој зборува за античкиот Амфитеатар, со Михајло Филев кој ги запознава гледачите на “This Мorning” со Охридскиот бисер, потоа го посетува манастирскиот комплекс Св. Наум.

Видеото можете да го погледнете тука.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изрази благодарност до Increasing Market Employability – IME и Juzmeski Ljupco за нивната непроценлива поддршка при организирањето и реализирањето на ова информативно патување.