Вечерва започнува второто издание на „Охридски вински фестивал“.
Охриѓани и гостите ќе може да уживаат во тридневната дегустација на македонските вина и вкусна храна, дополнети со богата музичка програма во изведба на македонски музички уметници. Вечерва бината е резервирана за бендот Баклава, добро прочуениот Миле Кузманоски и Дарио и неговите безвременски хитови, додека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен диџејот РутБој.
Годинава, своите вина ќе имаат можност да ги презентираат повеќе од 20 винарии од големите вински брендови и компании, како и некои од помалите винарии во државава.
Минатогодишното прво издание на овој празник на виното, храната и музиката, се покажа повеќе од одличен. Целта на фестивалот е да стане традиционален и да ја дополни богатата културна програма на Охрид.