Едриличарската Федерација на Македонија, во соработка со едриличарските клубови, а со поддршка на ИМЕ Increasing Market Employability – IME, организира промотивна двочасовна тура со едрење за туристички агенции, заинтересирани за соработка и вклучување на едрењето во својата понуда.
„Ве покануваме во сабота (24.06) во 10.00 часот на градското пристаниште да ни се придружите на оваа промотивна тура и подетално да се запознаете со понудата и нашата визија за иден развој на наутичкиот туризам, како носител на развојот на туризмот, економскиот развој на локалната заедница и развојот на спортското едрење.„- порачуваат организаторите.
Бидејќи бројот на местата е ограничен, пријавување на macedoniansailingfederation@gmail.com или на тел.број 078269041, најдоцна до петок.