Skip to main content

Партизан го подигна трофејот во АБА-лига

(видео) Обрадовиќ му залепи шамар на навивач кој влета на теренот

Тренерот на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ, истакна синоќа дека заслугата за освоената титула во регионалната АБА лига им припаѓа на неговите кошаркари и армијата навивачи на „црно – белите“.
 |  инфодеск  | 
Обрадовиќ

Партизан го подигна трофејот во АБА-лига, откако ја совлада Црвена Звезда во петтиот меч.

Непосредно пред самиот крај на натпреварот фановите на Партизан почнаа да ја слават извесната победа и првата титула после десет години. Атмосферата го понесе еден навивач кој влета на паркетот. Навивачот на малку непријатен начин дозна дека никој не се шета по паркетот покрај кој стои Жељко Обрадовиќ додека не заврши мечот. Трофејниот кошаркарски стручњак Обрадовиќ му удри шамар и го истурка од теренот.

Тренерот на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ, на прес конференцијата истакна дека заслугата за освоената титула во регионалната АБА лига им припаѓа на неговите кошаркари и армијата навивачи на „црно – белите“.